Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупцијата, во саботата триумфалистички информираше дека бил пронајден и наводно запленет путер со поминат рок на употреба, но цела седмица, иако е директно надлежен за тоа, не се огласува за случајот со шверц со тутун за кој објавува опозицијата, ниту, пак, за обидот на Министерството за здравство преку фантомска фирма во Хонгконг да се набават 200.000 дози од вакцината против Covid-19.
Николовски се пофали имено, со извештајот од петокот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) која информираше дека операторот со храна (увозник и дистрибутер) „Евро Млекара“ ДООЕЛ Скопје, на 11-ти март известил дека постапи по решението бр. 25- 977 од 10-ти март наа инспектор и од пазарот истиот ден отповика производ путер во пакување од 25 килограми во блокови и 5 килограми во канти.
Така што отпаѓа лажната објава на министерот Николоски дека бил пронајден и запленет путер со поминат рок на употреба, затоа што според практиката и процедурата, споменатата компанија очигледно брзо реагирала по опомената и ги повлекла продуктот.
„Заштитата на граѓаните и нивното здравје се на прво место. Повикувам на целосна истрага и одговорност!“, информираше триумфалистички Николовски.
Секако, здравјето на граѓаните треба да биде на прво место, вклучително и во услови на сѐ поразгорената епидемија на коронавирусот, а во контекст на отсуството на вакцините за Covid-19. Во тој контекст вицепремиерот со титулар „за борба против корупцијата“ неизоставно мора да се позанимава дали зад оваа состојба, која најдиректно и за некои смртоносно им го загрозува животот, стои нечија желба за печалење преку провизии.
Конректно Николовски мора да ги истражува обидите за кои извести поткрепено со документи италијанскиот весник
La Verita на сомнителен начин да се набават вакцини од кинескиот производител „Sinopharm“ преку фантомска фирма „Starbi International Services“ Co Ltd“ од Хонгконг. Впрочем, токму поради тоа што Министеството за здравство на Венко Филипче преку оваа компанија со само тројца вработени и без медицинско портфолио, владата во Пекинг го вратила понудениот аванс за најавените 200.000 дози од вакцината.
Згора на тоа, во врска со оваа афера, во саботата се појавија и
документи кои посочуваат дека можеби е направаен уште еден обид за дубиози при набавката на кинеските вакцини, односно тие да се платат дури и двојно повеќе отколку што ги платиле други земји.
Истовремено Николовски не се огласува по неколкудневнит прозивки од страна на
ВМРО-ДПМНЕ за „криминалниот шверц“ што го призна Царинската управа дека се случила преку фирмата „Студенац Шпед“ на Димче Тројановски, за кој се наведува дека е близок токму на „вицепремиерот за борба со корупцијата“.
Во секојдневните објави на опозицијата се наведува дека преку оваа фирма биле наводно прошверцувани пет камиони со тутун на граничниот премин Деве Баир, каде работела и шпедицијата на братот на Љупчо Николовски.
Ова се само некои од вистинските предизвици за вицепремиерот Николовски, кои директно и индиректно ги загрозуваат и здравјето и благосостојбата на македонските граѓани. Но, кога во овие случаи не смее ниту да се помисли да истражи, ете, и повлекување на десетина килограми путер со изминат рок ќе биде прикажано како борба со курпицјата. Некој навистина има путер на главата.