Медијаторот на Обединетите нации за спорот за името, Метју Нимиц, веднаш по пристигнувањето во Скопје изрази надеж дека ќе има добри средби со македонскиот политички врв, како што имал и во Атина.
Предвидено е Нимиц во да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски претходо во средата на прес-конференција во однос на посетата на Нимиц ги потврди очекувањата на медијаторот дека е вистинско време за решение. Во однос на највената спогодба од грчка страна кусо рече дека заедно работат на сите аспекти од преговорите. Експертите очекуваат македонската страна да го даде своето мислење за сите детали од преговорите.
Бошњаковски во однос на посетата на Нимиц ги потврди очекувања на медијаторот дека е вистинско време за решение.
„Повеќепати имаме кажано: да, сега е вистинското време да се изнајде решение. Постои и политичка волја и градење на односи со Република Грција кои се на едно повисоко ниво“, рече Бошњаковски.
По средбата со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас во вторникот во Атина, Нимиц изјави дека е време двете страни конечно да постигнат согласност за спорот за името. По пристигнувањето во Скопје, тој кратко изјави дека очекува претстојните средби да поминат добро.
„Имавме добри средби во Атина. Се надевам дека ќе имаме добри средби тука. Со нетрпение ги очекувам средбите со владата и со другите водечки фигури“, рече Нимиц.