Нишикори испадна од АТП ранг-листата

Поранешниот светски рекет број 4, Кеи Нишикори и официјално отпадна од ранг-листата на АТП.

Јапонецот до оваа недела остана во топ 800, но ги изгуби бодови од второто коло од минатогодишниот Мастерс во Индијан Велс.

Последен пат тој немаше рејтинг во пролетта 2006 година.

Да потсетиме дека во јануари Нишикори беше опериран на колкот и планираше да се врати на турнејата оваа есен.