Ниту преговарачки тим, ниту резолуција

Во косовскиот парламент и денеска пропаднаа сите обиди да се обезбеди кворум за одржување на две седници, кои за вторникот ги свикаа владејачката коалиција и опозицијата, а на кои требаше да се потврди владиниот тим за дијалог со Белград, како и резолуцијата со која косовскиот премиер Хашим Тачи би бил оневозможен во Брисел да преговара за разграничување со Србија.

Претседателот на парламентот, Кадри Весељи поради немање на кворум ја прекина денешната седница свикана на барање на опозицијата и з 14 часот закажа состанок на претседателството.

Тој оценил, како што пренесува „ГазетаЕкспрес“, дека денешната ситуација во парламентот беше иста како и претходните денови и дека, со оглед на фактот дека неиту опозицијата не успеа да обезбеди кворум, односно присуство на 61 пратеник, седницата е прекината.

Заменик-премиерот на Косово, Фатмир Лимај, кој Владата го предложи за шеф на тимот за дијалог со Белград, ја исклучи можноста претседателот на Косово, Хашим Тачи утре во Брисел да постигне некаков договор со Белград во рамки на продолжувањето на дијалогот.

Лимај изјави дека Тачи нема да биде во можност да се направи каква било одлука без согласност на преговарачкиот тим на владата, која тој ќе го води, кога овој предлог ќе го потврди Собранието и повтори дека Тачи немал овластувања за преговори.