Nokia затвора 500 работни места во САД, поради планирани заштеди од 1,2 милијарди евра
Финскиот производител на телекомуникациски мрежни уреди, Нокиа укина 250 работни места во САД, а се очекува да укине уште 250, објави американскиот портал Crain’s Chicago Business.
Портпаролот на Нокиа потврди дека се укинуваат работните места во рамките на заштедата на трошоците на глобално ниво, но не сакаше да наведе бројки.
Нокиа до крајот на годината сака да ги реализира планираните заштеди од 1,2 милијарди евра годишно за да го намали товарот на аквизициите на француско-американскиот ривал Алкател- Луцент од 2016 година.
Од финската компанија не откриват колку работни места планираат да се укинат на глобално ниво, но синдикатите проценуваат дека 10.000 до 15.000 работни места се во опасност.
На крајот од минатата година Нокиа имала околу 103.000 работници на глобално ниво, што е двојно повеќе отколку во 90-тите години кога беа најголемите производители на мобилни телефони во светот.
Имено, пред точно 20 години речиси секој трет продаден мобилен телефон беше нивен, а таа година и оперативната добивка на компанијата изнесувала 2,6 милијарди долари. Лани, пак, оваа бројка изнесувала само 16 милиони долари.