Ново рекордно зголемување на бројот на заразени на глобално ниво има во последните 24 часа, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Регистрирани се 284 196 нови случаи.
Според извештајот на СЗО, најголемите зголемувања се забележани во САД, Бразил, Индија и Јужна Африка, се вели во извештајот на СЗО.
Претходниот рекорд го држеше 18 јули, кога беа регистрирани 259 848.
Бројот на смртни случаи за 24 часа, пак, е зголемен за 9 753, што е најголем број во еден ден по 30 април, кога беа регистрирани 9 797 смртни случаи.