Македонскиот ракометен вицепрвак Металург со голема мотивација влезе во дуелот со Бешикташ, но сепак првата победа во Лигата на шампионите сезонава ќе ја бара на друг натпревар, затоа што турскиот првак успеа да слави во Скопје со 31:27.
Проблем во играта на тимот на Лино Червар беа промашувањата во вториот дел, кои се покажаа како кобни, како и шутевите од неизградена позиција и големата разлика во ефикасност меѓу двата тима. Наредна шанса за Металург за победа во Лигата на шампионите ќе биде португалскиот гигант Спортинг, кој во Лигата на шампионите дојде преку квалификациите.
Бешикташ подобро го отвори мечот, поведе со 5:3, а потоа и со 7:5, меѓутоа во средината на првиот дел Металург поради одбрани на Арсиќ и ефикасни напади пред сѐ преку Јагањац, Илиќ и Кузмановски, успеа да се врати во мечот на еден гол негатива (10:11). Следеше нова серија за Бешикташ од три голови кој дојде до највисокат апредност од 14:10. Червар одговори со тајм-аут, по што неговите ракометарите успеаја на полувремето да дојдат до изедначување 14:14. Голем проблем за Металург во првиот дел беа голманите, кои не забележаа ниту една интервенција.
На почетокот од второто полувреме се играше гол за гол тартот на вториот дел, кога и двете екипи имаа ефикасни напади. Бешикташ имаше ефикасност во шутевите од речиси гостите.
Играчите на Металург на десет минути пред крајот останаа без сили, што му овозможи на противникот да дојде до висока предност од три гола разл (26:23), со серија од три гола во низа. Во наредниот напад на Металург промаши Кузмановски кој избрза со шутот, по што Прибак постигна нов гол во мрежата на Арсиќ, за враќање на највисоките плус четири (27:23) од првиот дел, кои на крајот се покажаа недостижни.
Најдобар стрелец кај Металург и на мечот беше Јагањац со девет гола, а го следеа Кузмановски и Илиќ со по четири постигнати погодока. Кај Бешикташ, одлични беа Нујиќ и Доне, а исто така, тука е и македонскиот репрезентативец Немања Прибак, со шест постигнати гола од шест обида.
Наредниот меч во Лигата на шампионите, Металург го игра на 30 септември, кога во Скопје гостува португалски Спортинг.