Во ракетен напад во вторникот вечерта во воена база северно од Багдад во која се сместени американски сили, ранети се двајца Ирачани, а следи по неколкуте слични напади од претходните денови, соопшти ирачката армија.
Како што пренесе порталот Arab News, и овој ракетен напад бил изведен од повеќецевните ракетни системи „Катјуша“. Но војската не прецизира колку проектили биле истрелани врз базата „ал-Таџ“, освен потврдата дека во нападот се ранети двајца Ирачани.
Претходно во неделата беше ракетирана воената база „Балад“, во којашто исто така има американски војници, додека главнината од контингентот на САД во Ирак е изведен од земјата.
Од крајт на октомври повеќе десетици проектили се истрелани врз ирачките војски во кои се наоѓаат американски војници, а на 27-ми декември смртно настрада еден американски подизведувач а уште четворица војници беа ранети. САД ги обвинија ирачките шиитски милиции и одговорија со бомбардирање на ирачки бази при што беа убиени 25 шиитски борци, кои се дел ударниот дел од ирачката војска во борбата против ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава.
Подоцна на 3-ти јануари САД изведова атентат со беспилотно летало во близина на меѓународниот аеродром во Багдад при што беа убиени и влијателниот ирански генерал Касем Сулејмни и заменикот командант на ирачката шиитска милиција Абу Махди ал-Мухандис, кои Вашингтон ги смета за одоговорни за протестите и обидот за упад во американската амбасада во Ирак на 31-ви декември.
Ирачкиот парламент потоа веднаш изгласа резолуција според којашто сите странски трупи треба да ја напуштат земјата, и тоа веќе го сторија повеќе земји членки на меѓународната коалиција предводена од САД.
Иран, пак, ноќта кон 8-ми јануари изведе напад врз ирачките бази во кои се сместени американски војници, во Аин ал-Асад и во Ербил, врз кои беа истрелани 22 балистички ракети. Иранските и ирачки медиуми тврдат дека во одмазничките напади биле убиени 80 лица, додека САД ги негираат овие тврдења, а претседателот Доналд Трамп изјави дека „сѐ е во ред“ по ракетирањата.