Нов скок на зарзените во Србија, уште 325 новозаразени и осум жртви

Србија во саботата регистрирала 325 нови случаи на зараза со новиот коронавирус, што е зголемување во однос на петокот кога имаше 309 заразени, а починале уште осум пациенти, што, пак, е за три помалку споредено со претходното деноноќие.

Според службеното соопштениет на министерството за здравство во 15 часот, во последните 24 часа во Србија се тестирани 7.434 лица, од кои 325 биле позитивни. На болничко лекување во моментов има 2.347 пациенти, од кои на распиратори се 86 лица.

Откако на 3-ти јули епидемиолошката крива достигна 11 жртви во 24 часа, што е најмногу од почетокот на епидемијата во Србија, денешните осум починати, според досегашните официјални податоци, е третиот најтрагичен исход на дневно ниво од почетокот на епидемијата. Во петокот имаше 11 починати, а на 14-ти април имаше девет починати.

Само во првите четири дена од јули починала 29 лица, што е вкупно 306 од почетокот на епидемијата на 6-ти март. Од тогаш тестирани се 434.415 луѓе и потврдени се вкупно 15.829 случаи на Covid-19. Процентот на смртност варира околу 2 отсто.

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги отфрли во саботата тврдењата дека Србија не тестира доволно, тврдејќи дека земјата тестирала повеќе отколку сите држави од поранешна Југославија зедно.

Во главниот град Белград од саботата на сила се дополнителни мерки на забрана, ограничувања и обврски со коишто, без исклучок, се ограничува работењето на сите угостителски објекти и ноќни клубови од 23 часот навечер до 6 часот следниот ден.

Се воведува и задолжителното носење заштитни маски со почитување на физичката оддалеченост од метар и половина во сите затворени простори, во јавниот градски, приградски и меѓуградски сообраќај, а за прекршителите е пропишана казна од 40 евра.

Владата донесе и одлука за забрана за собири на јавни места во затворен простор за повеќе од 100 луѓе, додека на отворен простор до 500 лица, а со обврска за почитување на физичка оддалеченост од метар и половина. Овие мерки усвоени за Белград ќе бидат на сила до 18-ти јули.