Нова провокација: Гарванлиев „лета орли“ (ФОТО)

Скандал по скандал и жестоки реакции на јавноста го брануваат годинешниот Евровизиски претставник на Македонија Васил Гарванлиев.

Денеска беше објавена уште една провокација од пејачот, форографија со албанската претставничка на Евровизија 2019, на која заедно симболично „летаат орли“. Тој во 2019 бил придружен вокал на Тамара Тодевска на Евросонг.

Македонската Радио Телевизија, под притисок на јавноста, допрва ќе одлучува за овогодинешниот претставник на Евровизија. Од јавниот сервис велат дека интерна комисија ја анализира состојбата и деновиве ќе донесе конечна одлука.

„Македонската Радио Телевизија формираше интерна комисија, која ги разгледува и анализира сите аспекти кои произлегуваат од реакциите на јавноста, врзани за проектот Евросонг. Јавниот сервис исто така ќе ги има предвид обврските нотирани во лиценцата за учество, како и обврските кои произлегуваат од членството во Европската Радиодифузна мрежа, каде МРТ е составен дел од здружението на јавни сервиси во Европската Унија. Јавноста ќе биде дополнително информирана за конечната одлука на МРТ“, вели Мери Попова, шефица на македонската делегација на Евровизија при МРТВ.