![Gjokovik slavi 2](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/07/Gjokovik-slavi-2.jpg?resize=644%2C429&ssl=1)
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ конечно доби и позитивна вест, откако француските власти ги променија правилата за влез во земјата, овозможувајќи му на светскиот рекет број 1 да учествува на Ролан Гарос.
Претходните здравствени протоколи дозволуваа влез во Франција и учество на јавни собири и спортски настани само на вакцинирани лица.
Сепак, со олабавување на мерките и најновите протоколи сега зелено светло добиваат и оние кои го прележале вирусот во последните шест месеци.
Ролан Гарос ќе стартува на 22 мај и ќе заврши на 5 јуни. Новак Ѓоковиќ имаше позитивен тест на коронавирус на 16 декември, што значи дека тој без никакви проблеми и ограничувања ќе може да се натпреварува до 16 јуни.