Нови разговори меѓу двете Кореји за разоружувањето

Воените официјални претставници на Јужна и Северна Кореја денеска се сретнаа со команданти на ОН, раководени од САД, за да разговараат за напорите за разоружување на граничната област меѓу двете земји.

Состанокот беше одржан во селото Панмундџом, а меѓу бројните ставки во договорот беше и она што се однесува на демилитаризацијата на ова село во рамките на силно утврдените граници на двете Кореи, пренесува АП.

Според договоро, предвидено е да започне отстранување на мините во околината на тоа село, а пред да се повлечат гардистите поставени во таа зона. Како што е планирано, постои можност за поставување по 35 невооружани гардисти од двете страни.

Денешниот трилатерален состанок е втор од овој вид за само една недела, а како што беше објавено од страна на јужнокорејското Министерство за одбрана,  се разговарало за деминирање и идните планови за таа област.

Функционерите на двете Кореји имаа и одвоен разговор во новоотворената канцеларија за врски во Каосонгу на севернокорејскиот граничен премин, каде што разговараа за соработката во шумарскиот сектор.