Јужна Кореја објави во понеделникот дека најмалку 116 луѓе кои повеќе немале коронаворирус повторно се позитивни, а властите навестија дека наскоро ќе го разгледаат ублажувањето на ограничувањата со цел да се превенира новиот бран од заразата.
Јужна Кореја вкупно пријави само 25 нови случаи во понеделникот, но порастот на ткн „повторно активирани“ пациенти ја зголеми загриженоста. Споменатите 116 случаи на повторно присуствуво на коронавирусот кај веќе излекувани пациенти е повеќе од двојно од 51 случај кој во земјата беа пријавени пред една седмица.
Здравствените власти сѐ уште ја истражуваат причината за моменталниот рецидив. Меѓутоа, директорот на корејските центри за контрола и превенција на болестите (KCDC), Јеонг Еун-Кјеонг, изјави дека вирусто можеби повторно се активирал, а не дека пациентите повторно се заразиле.
Други здравствени експерти сметаа дека во прашање можеби се неисправни тестови, или дека во организмите на пациентие се присутни остатоци од вирусот кои веќе не се заразни, ниту опасно, ниту за самите нив ниту за другите.
Јужна Кореја планира да испрати 600.000 тестови во САД во вторник во првата пратка на барање на американскиот претседател Доналд Трамп, рекол јужнокорејски функционер за Reuters во понеделникот.
Владините функционери во меѓувреме го повикаа населението во Јужна Кореја да продолжи строго да се придржува до упатствата и ограничувањето за јавните собири, но навестија дека таквите мерки наскоро може да бидат ублажени. Според владините упатства, Јужнокорејците и натаму мора строго да се придржуваат до социјалната дистанциа најмалку до 19-ти апри, но како што бројот на заразените се намалуваше а временските прилики се подобруваа, сѐ поголем број луѓе ги игнорирале мерките.
На состанокот на кризниот штаб во понеделникот, премеирот Чунг Сје-Кјун изјавил дека владата наскоро ќе го разгледува ублажувањето на ограничувањата со коиште од граѓаните се бара да останат во своите домови, да ги избегнуваат масовните собири од секаков вид и да излегуваат само поради итни причини.
„Во текот на седмицата планираме повторно да ја разгледаме својата досегашната интензивна кампања на социјална дистанци, и ќе разговараме за тоа дали ќе минеме на рутинските безбедносни мерки“, изјави премиерот.
Некои локални власти наметнаа построги мерки, вклучително и затворање на локалите, забрана за големи собири и протести и ограничувања за богослужбите.
Чунг предупреди дека земјата, дури и кога ограничувањата ќе бидат ублажени, нема да се врати на животот од пред избувнувањето на епидемијата.
„Неопходен е многу претпазлив пристап, бидејќи преуренетото ублажување на правилата за социјална дистанца би можело да има неповратни последици и мораме длабоко да помислиме за тоа кога и како ќе минеме на новиот систем“, рече премиерот на Јужна Кореја.