Турското Министерство за одбрана објави дека со пресретнување се оддалечени шест грчки воени авиони Ф-16 кои се приближувале кон зоната на источниот Медитеран.
Во тој дел, Анкара започнала со истражување на јаглеводородните ресурси.
Во соопштението се наведува дека радикалните системи на Турските воздушни сили во петокот регистрирале шест грчки авиони Ф-16 кои летале од островот Крит во правец на јужниот дел на Кипар.
Се додава дека турските воздухопловни со авионите Ф-16 сили ги пресретнале и ги оддалечиле грчките авиони југо-западно од Кипар во областа за која Турција претходно ја прогласила за зона за истражување, пренесува Ројтерс.
„Турските поморски и воздушни сили продолжуваат да ги штитат нашите права и интереси во источниот Медитеран со апсолутна решеност“, се вели во соопштението.
Министерството објави и снимка од пресретнувањето на турските авиони на својата веб-страница.
Турција претходно издаде Навтекс – порака до морнарите дека од денес до 11 септември ќе одржи воени вежби северозападно од Кипар.