Новите власти во Боливија најавуваат покренување „специјален апарат на обвинителството“ кој ќе биде одговорен за притворање на пратеници и други лица поврзани со партијата на поранешниот претседател Ево Моралес, MAS (Движење кон социјализам), пренесува весникот Tiempos повикувајќи се на привремениот министер за внатрешни работи, Артуро Муриљо.
„Има сенатори, пратеници, не сите, некои од нив, кои преземаат антивладини активности и чиишто имиња имам намера да ги објавам…. Од понеделникот ќе издадам наредба, кај мене веќе има списоции…. ќе започнеме да ги приведуваме според наредбите на обвинителството“, рекол Муриљо.
Како што додава весникот, Муриљо, исто така, предупредил и за прогон на некои новинари кои работата за медиумите кои се блиски со партијата MAS, под обвинение дека наводно поттикнуваат бунт во Боливија.
„Бараме да се информира, а не да се дезинформира… Повторно бараме од новинарите …., да ја извршуваат својата должност а не да предизвикуваат бунт“, рекол Муриљо. Притоа ветил дека ќе ја осигури безбедноста на медиумите во текот на известувањето на медиумите, по неколкуте случаи на напади.
Поранешниот боливиски левичарски претседател Ево Моралес, кој по забелешките на Организацијата на американските држави (OAS) за регуларноста на претседателските избори прво распиша повторен целосен изборен циклус, а потоа по барање на армијата поднесе оставка и доби политички азил во Мексико, ги осуди ваквите активноста на новите десничарски власти кои управуваат со Боливија без одржани избори.
„Авторите на државниот преврат во Боливија владеат со декрети…, се потпираат на оружјето и бајонетите на полицијата и вооружените сили. Тие издадоа указ со кој војската се ослободува од кривична одговорност. Ова е слобода на беззаконието, за да се истреби населението“, напиша Моралес на Twitter.
На претседателските избори одржани на 20-ти откомври, Моралес, која на претседателската должност стапи во 2006 година, победи уште во првиот круг, но неговиот главен ривал Карлос Меса не ги призна резултатите сомневајќи се во неправилности. Потоа започнаа притисоците од опозицијата и од странство, кои резултираа со оставката на Моралес со објаснување дека тоа е потег кој треба да обезбеди мир и стабилност на земјата. Потоа оставка поднесе целото раководств, а првата потпретседателкана Сенатот, Жанина Ањез, се самопрогласи за привремена претседателка на Боливија.