Владата продолжува редовно да се задолжува на домашниот пазар. Министерството за финансии закажа нова аукција на хартии од вредност со која планира да повлече нови 3 милијарди денари односно 49 милиони евра.
Доколку се соберат сите задолжувања само во 2019 година и се додаде ова задолжување кое се планира утре тогаш вкупното задолжување за првите 5 месеци од годината изнесува огромни 317,4 милиони евра. Претходно владата на 17 –ти минатиот месец се задолжи за огромни 39 милиони евра.
Она што е посебно алармантно е зголемувањето на долгот на државата кој според преценките на сите светски реномирани институции се очекува да надмине над 50 % што е екстремно опасна состојба.