![nuk predlozi do vlada](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/nuk-predlozi-do-vlada.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Ако невестата или младоженецот качат температура, целата свадба да ја поминат со маски.
Воедно, имаат изготвено и протоколи за сите останати објекти кои не работат. Бараат надлежните да ги усвојат, за да не пропаднат: рестораните за свадби, дискотеките, ноќните клубови…
„Не е логично во еден момент се дозволат настани со илјадници луѓе коишто можат да ги посетуваат и да се каже дека врз тие луѓе може да се има контрола, а од друга стран најобични прослави со 10, 20, 50 луѓе или мали свадби со 50, 100 луѓе да се каже дека во места коишто ги исполнуваат сите протоколи не може да се држи контрола.“ вели Здравко Јосифовски, претседател на НУК.
Според Јосифовски, протоколите кои се на сила за работа на кафулињата и рестораните се недоволно прецизни и јасни, оставено е простор за различно тумачење.
„Настапот на естрадниот уметник треба да е оддалечен најмалку 5 метри од место каде што пее, сеа па доаѓаме до ситуација, 90% од локали кои се помали немаат таква можност, а реално кажуваме дека метар ипол до 2м раздалеченост е идеална за превенција и заштита од Ковид 19.“ истакна Здравко Јосифовски, претседател на НУК.
НУК до Владата, Комисијата за заразни болести и надлежните министерства денеска ги достави своите предлози за работа на сите угостителски објекти.