Специјални нуркачки екипи наскоро ќе почнат потрага по фудбалерот на англискиот премиерлигаш Кардиф Сити, Емилијано Сала и пилотот на исчезнатиот авион во водите кај Каналските острови, објавија во понеделникот британските медиуми повикувајќи се на информации добиени од свои извори блиски до спасувачките служби.
Дваесет и осумгодишниот Аргентинец леташе од Нант кон Кардиф со изнајмен авион вечерта на 21-ви јануари, но не стигна до саканата дестинација во Велс.
По неколкудневно пребарување на теренот каде што авионот го снема од радарските екрани, полицијата ја прекина акцијата оценувајќи дека веќе не постојат шанси за преживување.
Сепак, семејството со пријателите и неколку познати фудбалски имиња, меѓу кои како иницијатор се спомена аргентинската ѕвезда Лионел Меси, собраа средствата потрагата по Сала да продолжи.