Заклучок: Оваа држава мора да се соочи со реалноста дека додека не заигра пендрек со слоганот: „Ќутекот излегол од рајот“, ние нема да тргнеме напред, туку само наназад и сите ќе мислат дека ова е нивната крава музара која дава млеко само за ним, а не за народот.
Кој ме инспирираше за насловот? Секако Бојан „Боки теписонче“ Маричиќ. Да Ве потсетам неговиот татко како обвинител зел теписон од двајца приправници во адвокатската канцеларија Апостолски, за да им заврши услуга. Е овој, ни беше министер за правда и за европски прашања.
Овој лик и таквите како него сонуваат дека ние имаме правосудни органи и посебно полиција, која штрајкува во стилот на „Раде Пендрек“ од Топ Листа Надреалиста со слоганот: „Вратите нам палице“.
И сето тоа го покажува медиумската циркузијада помеѓу т.н. Бетмен и исто т.н. ЗНМ. Првиот нека се заврти зад себе, поточно нека го преанализира 27 април. Точно е дека неговото прашање (повод за циркузот) е нормално, а не говор на омраза. Ама т.н Бетмен не разбира дека поради претходното мора да се скрие негде и да не се појавува во јавност.
Вториве пак немаат капацитет да разберат дека се што допреле уништиле како што се:
- Од времето на Груевски уште се исти директорите на МРТВ и АВМУ. Бидејки се обични кукавици пред МРТВ мораше да штрајкува Генерал Стојанче Ангелов;
- Бараа да направат награда за истражувачка сторија финансирана од тутунска индустрија. Најстрого забрането. Следно најверојатно е дека Ел Чапо ќе им дели награди за истражувачки стории за квалитеот на дистрибуција на Кокаин и остала дрога;
- Го уништија спортското новинарство и се соучесници во кршењето на уставниот поредок на Македонија;
Затоа на двете страни во стилот на Ивица Боцевски им поставувам прашање во месецот на гордоста (педери и лезбејки): Зошто не се галите?
За разлика од нив кои мислат дека НВО се само проекти од кој се земаат хонорари, јас Виктор Грозданов и во 2022 и во 2024 сега го замолив г-динот Африм Гаши да се ангажира околу спортските канали да се коментираат од новинари од Македонија на Македонски и Албански јазик. Одговорот е џентламенски и позитивен. А, јас што сум напишал доколку сака нека објави лично сега Претседателот на Собрание Г-дин Африм Гаши. Иста порака со иста содржина ќе добие и г-дин Христијан Мицкоски кога ќе ја состави владата и ќе му биде изгласана доверба.
Сепак мора да се прави разлика помеѓу обичен и конспиративен, а сепак хохштаплер.
Обичен хохштаплер се објаснува на следниов начин. Тоа е тип кој се претставува дека е клучен советник на функционер од локалната политика и во негово име (НАПОМЕНУВАМ: БЕЗ НЕГОВО ЗНАЕЊЕ) одат и вршат суптилни позајмици демек може да завршат работа за наплата и вработувања.
Но, има крај. И така хохштаплеров прво зел пари за вработување во едно сообраќајно претријатие, вработените викаат дека бегал преку прозори, кога измамениот дошол по вработувањето или парите.
Но, дечкото земал пари од фирма во висина од 50.000 денари на трансакциска сметка, ЗА НАПЛАТА НА ДОЛГ (што е облигација и си постојат извршители) и потпишал договор, а се претставил како ЛОБИСТ. За сметката во познат угостителски објект на патот кон Болницата Козле платена од конкурентската фирма од 48.000 денари подобро да не зборам.
Измамениот проверил во антикорупциска дека овој го нема на списокот за лобисти. Адвокат на измамениот е добро познат на медиумите кој заедно со мене до ден денешен сме зачудени од кај му е храброста на хохштаплерот инаку зет за ќерка(професор на факултет, во близина на Бит Пазар) на познат медиумски научен работник. Е, ова во кратки црти е хохштаплер кој ќе се сретне во брзо време со правосудните органи.
Од друга страна пак НВО „Конспиративни хохштаплери“ се личности кои во континуитет Ви ја потценуваат вашата интелегенција и мислат дека се попаметни од она што природата им го дала. Но, дали е така во реалноста? На краток период ДА. Од едноставна причина зошто одбивате на глупост и си велите: За секого се збори се и сешто, немам време.
Дали овие личности конечно добија сериозен удар со најавата за новото Министерство за рударство, енергетика и минерални суровини? ДА Одговорот е многу подлабок.
На кратко само за железничката структура. Македонија и Албанија се дел од новиот железнички јазол од 12 земји членки на Европската Унија, значи заедно 14. На Македонија и требаат коридорите 10 и 8. Со овие коридори Македонија излага на три мориња, Бугарија, Грција и Албанија и плус добива непречен пробив до Европската Унија преку Србија. При развој на рударски комплекси и индустриски паркови целиот асортиман на суровини и крајни металични, машински, електропроводни, но и земјоделски производи лесно ќе можат да се транспортираат до каде сакаме. И тоа краковите кон своите комплекси има да ги инвестираат самите, а државата е должна да издава брзи документи и да ги одржува коридорите 8 и 10. Железничкиот транспорт е убедливо најефтин. Ама јас знам да го прашам Хари Локвенец и да му верувам. Конспиративните Хохштаплери сакаат да негуваат само негативни инсинуации за неговиот неспорен интелект. Инаку Хари, Голуб и Бане „Кома“ го имаат направено најдоброто списание на еден факултет „Елфаско“, а ги наследи Манџук, Вентиљ, Чешма, Тупе итн .
Овие споменативе се дел од златните генерации на Електро Факултетот и сите се исклучителни интелектуалци и истите се инспирираат за развој на наша Македонија.
За жал, „Конспиративните Хохштаплери“ инспирирани од оние кои сакаат да не’ направат зависни од увоз на струја која многу ќе ни треба, не за домаќинства туку за индустриски развој, овие личности пробуваат на сите начини да стопираат државни и приватни иницијативи за развој на хидроенергетските системи на Македонија.
Само за Луково Поле мора да се разбере дека се изработени проекти за зафати од Јадранско Море до Егејскиот слив и кои ќе ја спасуваат Македонија од поплави и плус се добива дополнително производство (106.80 GWh) со избегнување на зависност од увоз на електрична енергија, ама и Македонија ќе добие заезерување со што општините Гостивар и Маврово и Ростуше ќе добијат вода на три основи:
- Вода за пиње за луѓе и добиток
- Вода за наводнување на земјоделски површини
- Нормализација на климата за планинско шумски туризам
За жал, благодарение на еколошки „конспиративен хохштаплер“, (госпоѓа) да имаме, но и да започнеме да бидеме нормална држава ЕСМ (ЕЛЕМ) и ЕВН ќе започнат кампања во сметките за струја со следниве пораки:
- Вашата сметка е повисока поради Ана Чоловиќ Лешоска;
- Во топлото лето ладните напитоци се поскапи за 10 денари поради Ваша Ана Чоловиќ, па и Лешоска;
За мене оваа личност има крв на рацете над сите граѓани во Македонија заедно со Владата која ги сопрела изградбите на браните. Целта е, ДА БИДЕМЕ ЗАВИСНИ ОД СВЕТСКИ МЕШЕТАРИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА.
Дека дел од овие екологисти работат за туѓи интереси се докажува со нивните натписи „Помеѓу Кремљ и НАТО“ во https://rus-republic.com/2020/07/07/kreml-naychilsia-streliat-po-makedonski/ непосредно каде се обвинува Христијан Мицкоски дека е фаворизиран од Кремљ.
Вистината е многу поинаква. Мицкоски во 2024 година во сред кампања објави дека ќе ја разработи концесијата за експлоатција на минерална суровина-бакар, злато и сребор на локалитет Плавица и Црн Врв, Кратово и Пробиштип, а тоа значи дека мора да ја почитува анализата на Австралиската Национална Научна Агенција за „Проценка на еколошките предизвици на лужење на злато со тиосулфат во комбинација со касетно одлагање на суви јаловишта“ од Мај 2021 година изготвена од Clean Mining Pty Ltd, под комерцијално доверливо. Инвестицијата е од клучните земји на НАТО, Австралија.
Но ако сопре само на оваа концесија ќе биде ист како и неговите претходници, политички дустабанлии и најтрагично „шапшали“.
Еве како иде тоа.
НАПОМЕНА: За жал нашиот драг и непрежален ситен еколошко политички хохштаплер редовен градоначалник на Вландово, Перо Костадинов, да му пренесам дека за случајот Рудникот Казандол, сите нови политички фактори посебно оние коие се занимаваат со макроекономската металична финансиска политика знаат дека минимално ќе плати Македонија 450 милиони евра.
Автор: Виктор Грозданов за НетПрес