NYT дознава зошто Бајден се откажал од заедничка прес-конференција со Путин

Адинистрацијата во Вашингтон не изразила подготвеност за одржување на заедничка прес-конференција на американскиот претседател Џо Бајден и неговиот руски колега по должност Владимир Путин по нивниот самит во Женева на 16-ти јуни, бидејќи оцениле дека било лошо искуството на претходниот челник на САД, Доналд Трамп по самитот во Хелсинки во 2018 година, пишува во саботата весникот The New York Times.

„Според клучните соработници на Бајден, во текот на консултациите во врска со средбата којашто ќе се одржи во швајцарска вила од XVIII век на брегот на Женевското Езеро, руските власти многу сакаа Путин да му се приклучи на Бајден на прес-конференцијата“, пишува весникот.

Како што било наведено од неименуван претставник на администрацијата во Вашингтон, самостојното обраќање пред медиумите на Бајден се сметало за „најсоодветниот“ формат.

Според соработниците на Бајден, на коишто се повикува The New York Times, руската страна ја поддржувала на идејата за заеднички прес-конференција, но и дека претставниците на американската администрација паметеле како во Хелсинки, Путин го засенил Трамп.

Како што пишува The New York Times, одлуката да се оддржат засебна прес-конференција на Бајден има за цел „да го лиши рускиот челник од меѓународната платформа слична на онаа којашто ја имаше на самитот во Хелсинки во 2018 година“.

Од Кремљ потврдија дека челниците на двете супресили одделно ќе одржат прес-конференции по завршувањето на средбата. Портпарокот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, за медиумите кусо коментриаше дека „најверојатно, ова е практика на американскиот претседател“.

Во саботата функционери на Белата куќа рекоа дека Бајден ќе одржи одвоена конференција за медиумите по состанокот со Путин во Женева. Претходно Кремљ и Белата куќа објавија дека челниците на двете земји на претставниците на медиумите на своите земји ќе им ги соопштат резултатите од самитот. Ниедна од земјите не ја потврди заедничката прес-конференција, но ниту ја отфрли однапред.

Во четвртокот британскиот весник Daily Mail, критикувајќи го американскиот претседател Џо Бајден поради гафот со погрешното изговарање на кратенката на британското воено воздухопловство во гововрот пред американските војници во базата Милденхол во Англија, забележа дека американскиот челник „е познат по тоа што си дозволува грешки, се збунува или дури и покажува расеаност во текот на настапите или одговарањето на прашања“.

„Последниот превид може да предизвика загриженост во врска со конгитивните способности на Бајден, кој ќе го искористи самитот на Г7 во Корнвол за барањето решенија за важните прашања како што се пандемијата, климатските промени и заканата за меѓународната стабилнсота која ја претставуваат Кина и Русија“, објави Daily Mail