![obama bajden](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/obama-bajden.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Поранешниот американски претседател Барак Обама го поддржа својот потпретседател во двата мандата, Џо Бајден за нов претседател, велејќи дека може да ја обедини и да ја заздрави нација што минува низ еден од најтешките периоди во нејзината историја.
„Џо има карактер и искуство да нè води низ едно од нашите најтемни времиња и да не излекува за време на долгото закрепнување“, рече Обама во 12-минутното видео снимено во неговиот дом во Вашингтон.
„Верувам дека Џо ги има сите квалитети што сега ни се потребни од претседателот“, додаде Обама, заклучувајќи дека одлуката од 2008 година да го избере Бајден за заменик претседател била меѓу „најдобрите што досега ги направил“.
77-годишниот Бајден е единствениот преостанат кандидат на Демократите што се кандидира за противкандидат на претседателот Доналд Трамп, откако неговиот последен противник, Берни Сандерс, се повлече од трката минатата недела.