![mercedes](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/06/mercedes.jpg?resize=640%2C480&ssl=1)
Блиндираниот „мерцедес“ чијашто набавка беше предмет на случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за што минатата седмица беа осудени поранешниот премиер Никола Груевски и пораншениот помошник-министер во Министерството за внатрепшни работи одговорен за за јавни набавки, Ѓоко Поповски, на две односно шест години затвори, ќе биде сервисиран за 27.500 евра, објави во четвртокот Службата за општи и заеднички работи
„Се работи за склучување договор за сервисирање на автомобилот Мерцедес бенз тип S 600 – BLIND, објавен од Службата за општи работи на Владата на Македонија. Мерцедесот е дел од случајот ‘Тенк’ на Специјалното јавно обвинителство. Додека автомобилот е во сопственост на Владата, неопходно е да има редовно годишно сервисирање”, соопштија од Владата на Македонија.
Сервисот за овој тип „мерцедес“ се врши на секо 15.000 изминати километри, а споменатата цена за сервисирање е утврдена по претходно извршените сервиси. На 19-ти јуни ќе биде одлучено кој ќе ја добие зделката и за која сума, а претходно „мерцедесот“ бил сервисиран преку тендер од МВР.
Досега блиндираното возило било сервисирано четирипати, двапати во 2013 година кога минало голема извозена километража, во 2014-та и во 2016 година.