
Објавувачот на најновите „бомби“ кои се однесуваат главно на ДУИ, на фејсбук потпишан Ел Чека, вечерва се исмеваше со известувањето дека МВР открило кој стои зад профилот од каде се објавени прислушуваните материјали.
Веста за негово откривање ја нарече глупост, потсетувајќи дека не постои откритие, бидејќи тој јавно излегува, со идентитет и лични фотографии, а обвинува дека криминал е токму убиството на Албанците и на припадниците на ОНА. Ел Чека, пред околу 23 часот емитуваше и видео во живо, каде што јасно се гледа неговото лице. Ел Чека живее во САД.
Глупоста на ДУИ нема крај, ме откриле? Да, мојот профил е јавен и има слики од мене. И ова го нарекуваат криминал? Зарем убиствата на борците на УЧК и Албанците не се криминал? Ќе биде ли некој осуден за тоа?
Бог да ги благослови Албанија и Америка!, напиша Ел Чека.
На својот профил објаобјавено и дека се слушнал со еден од осудените за Диво насеље, ин „Командант Соколи“ и се договориле да ги објави сите „бомби“ кои ги има.