Облачно со дожд и температура до 12 степени

Времето ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во источните делови. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од минус 3 степени до 6 степени, а дневната од 4 до 12 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната до 10 степени.

Од УХМР посочуваат дека од утре во текот на денот ќе настапи стабилизација на временската состојба, а од задутре ќе има и значителен пораст на дневната температура.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.