Времето во Македонија ќе биде умерено облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се движи од 3 до 10 целзиусови степени, а дневната од 7 до 15.
Во попладневните часови, во источните делови на Македонија врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално се очекува да наврнат над 30 л/м2 дожд.
Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 7 целзиусови степени, а максималната дневна ќе се искачи до 12.