![mej i junker](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/10/mej-i-junker.jpg?resize=620%2C330&ssl=1)
Британската премиера Тереза Меј им се обрати во средата вечерта на челниците на 27-те земји членки на Европската унија собрани на самитот во Брисел пред нивната работа вечера и во своето обраќање кое траеше само петнаесетина минути не кажа ништо ново, пренесуваат агенциите.
Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, кој исто така им се обратил на челниците на ЕУ, рекол дека британската премиерка Тереза Меј во своите обраќање не изнела никаков нов предлог. Тајани додал дека Меј не се изјаснила јасно во врска со предлогот да се продолжи транзицискиот период по излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ за уште една година, до крајот на 2021 година.
„Таа, што се однесува на ова, беше неутрална. Рече дека тоа е хипотеза којашто ќе ја разгледа“, рекол Тајани.
Откако премиерката Меј го напуштила состанокот, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, ги известил 27-те челници за подготовките за сценариото брегзитот да мине без договор, по што лидерите ја продолжиле расправата.
Европската унија е подготвена да го продолжи за 12 месеци преодниот период по излегувањето на Велика Британија од Унијата, за преговарачите од двете страни да добијат повеќе време за изнаоѓање решение за границата на ирскиот остров, главната точка околу којашто се кршат копјата.
Брисел сака посебен статус за Северна Ирска, и инсистира на ткн заштитен механизам ило осигурување дека нема да до воспоставување на физичка граница согласен правилата во рамките на ЕУ, што британската премиерка Тереза Меј го одбива, сметајќи дека со тоа неприфатливо се задира во територијалниот интегритет на Обединетото Кралство, преку нејзиниот составен дел Северна Ирска.
Воспоставувањето на физичката граница меѓу Британија и Ирска го доведува во прашање интегритетот на единствениот европски пазар и е во спротивност со мировниот договор постигна на Велики петок 1998 година со кој беше ставен крај на триесетгодишниот судир меѓу мнозинските протестантски пробритански унионисти и републиканските католици, што би можело да го загрози мировниот процес во Северна Ирска.