Американските сојузни обвинители во петокот повикаа судијата во случајот на Мајкл Коен, поранешниот личен адвокат на претседателот Доналд Трамп, да изрече „поголема затворска казна“, меѓу другото, и поради избегнувањето да се плати данок како и за исплата на пари во име на претседателот на порно ѕведа во замена за молчење, иако признаваат дека бил „полезен“ во истрагата на специјалниот обвинител Роберт Мјулер, за наводното мешање на Русија во американските претседателски изботи во 2016 година.
Иминатите 18 месеци специјалниот иследник и обвинител Роберт Мјулер ја води истрагата за наводното руско мешање во американската предизборна кампања во 2016 година и сомневањата дека имало дослух меѓу Москва и кампањата на сегашниот претседател Доналд Трамп. Досега не се понудени кокретни докази за тоа, туку само тврдења на одредени лица и сомневања, но не се оспоруваат резултатите од самите избори.
Адвокатот Мајкл Коен во август годинава призна вина за финансиски кривични дела, а кој крајот на ноември на сојузниот суд во Менхетен ја призна вината по точката од обвинението која го товари за давање лажна изјава пред Конгресот во истрагата дали кампањата на Трамп соработувала со Русија за да влијае врз изборите. Во август рече дека се чувствува виновен за финансиски прекршоци во кампањта, избегнување плаќање данок и банкарска измама во случајот кој го водат сојузните обвинители во Њујорк. На рочиштетот во ноември призна дека дал лажна писмена изјава за проектот со недвижнини на Организацијата Трамп во Москва.
Тужителите и во двата случаи мора на окружниот судија Вилијам Паулеј на Менхетен да му ги поднесат поднесоци за соработката на Коен, по што судијата ќе ја изрече пресудата за казната на 12-ти декември.
Обвинителите вршат притисок врз судијата да ја отфрли молбата на Коен да биде поштеден од затворска казна, опишувајќи го како личност која е мотивираната од „личната алчност“ и тврдејќи дека „повторено ја користел својата моќ и влијание со цел да изврши измами и залажувања“. Според нив, казната за Коен би требала само „незначително“ да отстапува од затворската казна од четири до пет години, предвидена за кривични дела и прекршоци кои ги сторил.
Мјулер тврди дека Коен доброволно ги споделил инфорамциите за себе и другите во врска со „централните теми на истрагата“, а овие информации ги оценува како „веродостојни и во согласност со другите докази кои се пронајдени“.
Специјалниот обвинител во саботата објави и детали од наводните лаги на поранешниот шеф на кампањата на Трамп, Пол Манафорт во текот на разговорите со обвинителите. Коен и Манафорт, поранешни многу блиски соработници на претседателот, станаа централни фигури во истрагата за изборите од 2016-та и наводните врски на штабот на Трамп и Русија. Мјулер одби да се спогоди со Манафорт за соработка во истгата, откако беше потврдено дека по изјаснувањето а вина во август во сојузната држава Вирџинија, лаќек дека по тоа повече не контактирал со неден член од администрацијата на Трамп. Исто така, наводно лажел и за својот одност со Константин Климник, украински државјанин и негов поранашен деловен партнер за кој се тврди но повторно без докази дека наводно бил поврзан со руското разузнавање.
Правници за медиумите тврдат дека ова објавување на деталите од случајот на Манафорт наводно навестува за напредок во истрагата за конатакти меѓу Руси и кампањата на Трамп. Во новиот твит од петокот, американскиот претседател ги обвини сојузните обвинители и високите функционери за судир на интереси, како и дека не изнеле никакви докази. Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, изјави дека Мајкл Коен „одново лажел“, како и дека случајот на Манафорт „нема апсолутно ништо со претседателот“.