Обвинувања и негирања дека во Прага нуделе криење на „руската афера“ за набавка на „Спутник V“

EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Првиот вицепремиер на чешката влада и министер за надворешни работи, Јан Хамачек, ги негираше во вторникот наводите дека сакал да размени информации во врска со експлозиите во Врбетица за набавка на руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“, за што наводно планирал да престојува во Москва кон средината на април.

Според порталот Seznamzpravy.cz, откако повеќе од две седмици аферата за наводното учество на руските тајни служби во експлозиите во чешки магацини за муниција во селото Врбетица во 2014 година ги вжешти односите меѓу Прага и Москва, сега се дознава дека шефот на чешката дипломатија Хамачек наводно се обидел да ја изнуди руската вакцина против Covid-19 во замена за молчење од аферата.

„Недвосмислено го отфрлам шпекулациите за планираната посета на Москва, во материјалот на изданието во врска со моите намери за пазарење со информациите за скандалот во Врбетица за испорака на вакцините ‘Спутник V’. Овој материјал се заснова на шпекулативни претпоставки, лаги кои никој не ги потврдува, бидејќи тоа не се случило“, објави Хамачек на Twitter.

Соред Seznamzpravy.cz, социјалдемократот Јан Хамачек за Москва имал предлог, во замена за милиони дози од вакцината, Прага да ги држи во тајност своите сознанија кои наводно ја обвинуваат Русија. Тоа наводно била тема на состанок во министерството за внатрешни работи на 15-ти април, се наведува во написот. Но предлогот на Хамачек предлогот наишол на „општо одбивање“, пишува порталот.

Неговата реакција доаѓа и по написот и на порталот Spisok, според кој покрај за руските вакцини, Хамачек наводно нудел „прикривање на аферата“ барал и согласност од Москва предложениот самит на рускиот и американскиот челник Владимир Путин и Џо Бајден да се одржи во чешката престолнина Прага.

Чашка два дена по наводниот состаник во министерството за надворешни работи, ја обниви Русија дека наводно двајца агенти на нејзиното воено раузнавање ГРУ биле вмешани во екслозиите во северното село Врбетица пред седум години, во интервал од неколку месеци, во кои загинаа вкупно две лица. Следеше масовно протерување на дипломатите од двете земји, а Москва одлучно ги отфрла обвинувањата

Хамачек наводно имал намера да ја посети Москва на 19-ти април, но тој тврди дека од 14-ти април во чешкото министерство за внатрешни работи „со учество на шефовите на чешките безбедносни служби, јавниот обвинител, како и чешкиот амбасадор во Москва“.

„Единствената тема на овие состаноци беа разговорите за последиците од скандалот во Врбетице за националната безбедност на државата и односите меѓу Чешката Република и Русија. Овие написи во медиумите се шпекулација на тема на веројатни активности, им нанесуваат штети на интересите на Чешка. Тие одат натака на итнересите странска држава“, вели Хамачек.

Социјалдемократите на Хамачек се помалиот партнер во малцинската влада со популистичката партина ANО, на премиерот Андреј Бабиш. Пет месеци пред чешките парламентарни избори анкетите прецдвидуваат дека партијата на Хамачек нема да го мине изборион праг од 5 отсто за да влезе во парламентот.