3.8 C
Skopje
вторник, февруари 25, 2025

Од денеска Србија е во делумен карантин

Нов делумен карантин е воведен од денеска во Србија поради растот на бројот на новоинфицирани со ковид-19.

„Долготрајното затворање не е опција за Србија, но невозможно е да не се реагира на ваквото зголемување на вирусот“, рече Кон.

Според одлуката на Кризниот штаб, од сабота во 12 часот до понеделник во 6 ќе бидат затворени сите кафулиња, спортски сали, цвеќарници, книжарници и трговски центри. Ќе работат само продавниците за храна, бензинските пумпи, аптеките и доставата на храна.

Пазарите и театрите ќе бидат отворени до 21 часот. Сите закажани спортски настани, натпревари и настапи ќе продолжат да се одржуваат, но без присуство на публика.

Сите угостителски објекти ќе останат затворени во текот на целиот викенд, освен кафулињата и рестораните во хотелите, на кои ќе им биде дозволено да служат гости само со регистриран престој.

Во понеделник, сè се враќа во нормала, односно сè повторно се отвора, освен што тогаш средните училишта преминуваат на онлајн часови, пишува Блиц.

Д-р Кон рече дека е закажана нова седница на Кризниот штаб за вторник, кога ќе бидат разгледани ефектите од новите мерки.

“Немаме нови мерки во понеделник. Мислам дека овие два дена ќе имаат некаков ефект, но нема да биде доволно. Ова е некоја црвена линија што ја прифативме”, рече тој.

Кон со денови се залага за воведување на нова блокада, велејќи дека дури седум дена нема да бидат доволни. Сличен став имаат и неговите колеги од Кризниот штаб.

„Мерките што ги донесовме беа принудени. Мислам дека не се доволни“, рече епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ.

Кон изјави дека средношколците се префрлаат на часови преку Интернет веќе некое време, бидејќи искуствата од другите земји покажале дека ковид-19 сега се пренесува и кај младите, особено во случај на новите соеви.

“Засега, веќе го имаме британскиот сој. Тој веројатно доминира во училиштата”, рече Кон.

Говорејќи за вакцинацијата др. Кон рече дека во наредниот период ќе има покана до граѓаните да се вакцинираат.

“Нема причина да престанеме со вакцинацијата. Вакцинацијата е најефективната мерка досега, поефикасна од затворањето. Ги повикувам сите да аплицираат. Имунитетот стекнат со вакцината е веројатно поголем и подолготраен од оној по прележаната болест, „истакна Кон.