![2520756](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/2520756.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Сите воспитно-образовни установи во Словенија ќе бидат затворени од понеделникот поради ширењето на новиот тип коронавирус Covid-19, објави во четвртокот на Twitter словенчкиот премиер на заминување Марјан Шарецч
„На министерствата за здравство и за образование им наредив да подготват сѐ што е потребно за од понеделник да се затворат сите воспитно-образовни установи. Станува збор за тешка мерка со многу последици, но неопходна во сегашната ситуација“, наведува Шарец.
Оваа одлука ја носи како премиер на владата во заминување која во петокот по гласањето во парламентот би требало да ја наследи нова влада на четирите коалициски партии под водство на Јанез Јанша.
Одлуката за заворањето на детстките градинки, училиштата и фактултетите е донесена откако во средата поради случаи на коронавирус меѓу неколку лица од наставниот персонал се затворени две основни училишта.
Затворена е училиштето во Камник, близу Љубљана, чиј жител и поранешен градоначалник е токму Шарец, а второто е училиште спо околу илјада ученици во местото Шмарје при Келшах на истокот, крај границата со Хрватска.
Во Словенија според официјалните податоци до четвртокот, потврдени се 57 случаи на зараза со коронавирусот, но се очекува дека оваа бројка ќе расте. Вчерашниот дневен раст на потврдените случаи е најглеиот од превиот регистриран случај на коронавирусот во Словенија.