Од стан во Кавадарци украдено злато вредно 2.500 евра

Арамија собрал златно вредно 2.500 евра од домот на кавадарчанец.

Тешка кражба се случила вчера во стан на улицата „7-ми Април“ во Кавадарци, соопшти утринава Министерството за внатрешни работи. Арамија со тврд предмет успеал да ја скрши врата од домот на 34-годишниот Љ.П.

Потоа, ги пребарал собите и украл поголема количина на златни предмети проценети на 2.500 евра.

Со богатиот плен арамијата избегал. Полицијата работи на откривање на сторителот.