![policiski cas](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/05/policiski-cas.jpg?resize=696%2C383&ssl=1)
Владата на денешната седница донесе одлука за измени и дополнувања за ограничување на движењето на граѓаните согласно која од 5 мај, утре, забраната за движење наместо од 21 часот, ќе започнува од 23 часот и ќе трае до 05 часот наредниот ден.
Соодветно на овие измени угостителските објекти ќе бидат отворени за гости до 22:30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи.
„Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви SARS-CoV-2“, се наведува во соопштението.