Од вечерва ќе бидат достапни на Интернет, прашањата за екстерното тестирање. Во јануари ќе полагаат само матуранти и оние кои завршуваат средно образование со трета година, рече денеска министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, на презентацијата на системот кој што од денеска ќе биде јавно достапен на Интернет .
Секој ученик, наставник и родител ќе може да ги види прашањата, а потребно ќе биде само да се избере година на средно образование (трета или четврта), струка и предмет и потоа прашањата можат да се симнат во ПДФ формат.
Може да се пријави и неправилност за одредено прашање, за неговата содржина или одговор. Пријавите ќе се примаат до 10-ти јануари, а потоа ќе бидат детално разгледувани од стручен тим. По анализата, ако има потреба, ќе се направат и промени во прашањата.