Од вечерва полициски час во Македонија

Владата вчера донесе одлука од вечерва до 22 март да биде воведен полициски час на територија на целата држава.

Забраната за движење ќе започне во 22, а ќе трае до 5 часот наутро.

Одлуката е донесена на предлог на Комисијата за заразни болести поради зголемениот број на новозаболени и хоспитализирани лица од Ковид -19.

Полицискиот час нема да се однесува и на лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош, на лицата во животно-загрозувачка состојба и лицата кои одат на дијализа.