Одбиен украински обид за заземање на аеродромот во Доњецк, жестоки борби во Свјатогорск

Убиени се речиси сите украински борци кои се обидоа да навлезат на територијата на аеродромот во отцепената проруска област Доњецк, објави во понеделникот вечерта челникот на сепаратистичката самопрогласената Народна Република Доњецк, Денис Пушилин кој извести и дека ниедна од завојуваните страни нема целосна контрола над местото Свјатогорск.

„Веројатно под влијание на пропагандата, непријателот се обиде да напредува во правец на доњецкиот аеродром. Но таму храбрата Спарта (единица на сепаратистичките проруски сили)… направи сѐ како што е треба. Непријателот речиси во целниот состав, практично целата група, е уништен“, објави Пушилин на својот Telegram канал.

И во саботата командантот на баталјонот „Спарта“, Артем Жота „Колима“ изјави не се вистините дека информациите дека украинските сили наводно го заземале аеродромот Доњецк.

Лидерот на сепаратистичките сили од Доњецк алудираше на бројните информации во понеделникот во западните и украинските медиуми и на социјалните мрежи за големите напредување на украинската противофанзива. Руската војска објави дека тактички ги повлекла некои од своите единици од северните области, а украински извори известуваат за заземање голем број места. Но подоцна, некои од украинските функционери предупредија дека треба да се има резерва кон сите информации, бидејќи подоцна може да претставува разочарување и деморализирање кога ќе се дознае дека некои места не се под украинска контрола.

Еден од градовите за кои има противречни информации и е Свјатогорск, за кој Пушилин изјави денеска дена не е целосно под контрола ниту на проруските сили, ниту на украинската војска.

„Кога станува збор за Свјатогорск, да бидам искрен, во моментов ниту ние, ниту непријателот не го контролираме потполно“, рече Пушилин во видео-пораката.

Челникот на Доњецк прецизирал дека во правецот на Свјатигорск биле забележани полски платеници, но дека единиците на сепаратистите „преземаат чекори, па очекуваме успеси“.

Покрај тоа, Пушилин истакна дека во правец на градот Угледар сепаратистичките сили оствариле „иако мали, но сепак напредување“. Додава дека украинските сили се обидуваат да го заземат Лиман, но наишле на силен отпор од проруските единици.

„Тие многу успешно ги одбиваат во моментов нападите на непријателот. Сметаме дека ситуацијата таму ќе се подобри“ во полза на сепаратистите, додаде Пушилин,