Одбојкарките со пораз од Австрија во Сребрената лига

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз го започна своето прво учество во Европската сребрена лига. Подобар противник на дуелот во Скопје беше селекцијата на Австрија која не совлада со максимални 3-0, по сетови 25-15, 25-20 и 25-15.

Според резултатот, но и според играта, најголеми возбудувања имаше во вториот сет, но нашите одбојкарки немаа сили да го издржат ритамот на противнички и го загубија и овој сет во кој беа најблиску до освојување.

Следниот натпревар нашата репрезентација ќе го одигра повторно на домашен терен и тоа в среда со почеток во 17:30 часот, кога во СЦ Борис Трајковски ќе гостува селекцијата на Летонија.