Oдбраната ги доби транскриптите, судењето на Латас продолжува на 30 мај

Судењто за случајот Тотал, каде обвинет е новинарот Драган Павловиќ Латас денеска конечно започна. Одбраната ги доби и транскриптите од 40 прислушувани разговори. Рочиштата претходно трипати беа одложувани поради семејни проблеми на обвинетиот. Инаку СЈО го гони Латас за неплатен данок во период од 2008 до 2015 година преку три фирми во негова сопственост. Следното рочиште е закажано за 30 мај.