Одлична предност за Зенит и Порто

Зенит и Порто завршија голема работа уште на првиот меч од плејофот за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.

Рускиот Зенит славеше против Стандард на гостински терен со 1:0, додека Порто беше подобар од Лил во Франција.

Победата на рускиот тим во Белгија му ја донесе Шатов со својот гол во 16-тата минута.

Со идентични 1:0 славеше и португалскиот тим Порто на гостувањето кај Лил, а на овој натпревар решавачкиот гол беше дело на Ерера во 61-та минута.

Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими го одигра целиот меч за словенечкиот Марибор кој на домашен терен ремизираше со Селтик 1:1, па патникот во групната фаза ќе биде решен во Глазгов.

Алборг – АПОЕЛ 1:1

(Томсен 16’ – Оливеира 54’)

Лил – Порто 0:1

(Ерера 61’)

Марибор – Селтик 1:1

(Бахар 14’ – МекГрегор 6’)

Слован Братислава – БАТЕ Борисов 1:1

(Витек 80’ – Јаблонски а.г 44’)

Стандард – Зенит 0:1

(Шатов 16’)