Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Само Интервју“ зборуваше за пописот и посочи дека за него одложувањето на пописот е потег за спасување на животите на граѓаните.
„Немам намера да се пресметувам со непресметливоста и глупавоста на политичките одлуки на власта. Јас фрлив гума за спасување на човечки животи и тоа го зборував уште пред да ескалира ситуацијата дека ќе ескалира. Мене ми беше важно што е можно повеќе човечки животи да спасиме бидејќи бев свесен апсолутно дека ако тргне процесот на попишување на населението и домаќинствата дека бројот ќе биде исклучително голем на луѓе кои што ќе го изгубат својот живот и на тие кои ќе бидат заболени бидејќи невозможно е 5.500-6.000 луѓе да тргнат во едно така масовна операција, а да немаме расеменување на оваа би рекол лоша болест, рече Мицкоски во своето гостување.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека глупавоста и политиките на власта не го интересираат, туку најважни се интересите на граѓаните и државата.
„Нене глупавоста и политиките на власта не ме интересираат, каква гума, тие се апсолвирана тема и во јавноста и во мене, мене ме интересираат интересите на граѓаните и државата“, додаде Мицкоски.