Ограбена наплатната рампа кај Глумово

Наплатната рампа кај Глумово, утринава во четири часот била ограбена, објави „Курир“.

Според неофицијални информации, две вооружени лица со фантомки на главата извршиле грабеж на патарината, притоа држејќи ги вработените во заложништво.

По грабежот тие се качиле на мотор кој бил паркиран и избегале во правец кон  Скопје.

Случајот е пријавен во полиција, а направен е и увид на местото.