СВР Охрид поднесе кривична пријава против двајца мажи, кои ги сомничи дека сториле кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Пријавени се 57-годишниот Б.Ѓ. од Радовиш и 40-годишниот Д.Р. од Прилеп. Според известувањето од полицијата, двајцата на 24.06.2022, по текст од интернет портал објавен на социјалната мрежа Facebook, постирале коментари со кои ширеле говор на омраза.
Нема конкретни податоци за содржината на нивните коментари или за написот чијашто содржина ја коментирале.