![etpncvt4fis9hhmte1qg](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/05/etpncvt4fis9hhmte1qg.jpg?resize=696%2C383&ssl=1)
Москва соопшти дека се предале околу 1.000 украински борци заробени во фабриката за челик Азовстал, која беше нивното последно упориште во опколениот јужен украински пристанишен град Мариупол.
Портпаролот на Министерството за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, изјави дека 694 украински борци во Азовстал се предале во изминатите 24 часа, вклучително и 29 ранети војници.
„Во Мариупол продолжија да се предаваат екстремистите на националистичката единица Азов и украинските војници блокирани во фабриката Азовстал“, изјави Игор Конашенков портпарол на руското министерство за одбрана.
Сите тие, наводно, биле префрлени на територијата во источна Украина која е под контрола на сепаратистите поддржани од Русија. Украинските власти не ги потврдија бројките. Операцијата за спас на челичарницата „Азовстал“ ќе заврши само кога ќе бидат евакуирани сите бранители на Мариупол“, изјави заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Малијар.
„Во Азовстал се уште има многу луѓе и ги продолжуваме преговорите за да ги извлечеме.“ – изјави Хана Малијар заменик министерка за одбрана на Украина.
Мариупол е место на некои од најтешките борби откако Русија ја почна војната против Украина на 24 февруари. Инаку, нема напредок во преговорите меѓу Москва и Киев. А, место размена на воени заробеници, Украина и самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск почнуваат со судења за воени злосторства.
Лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, Денис Пушилин, денеска изјави дека украинските команданти во челичарницата „Азовстал“ во Мариупол не се меѓу оние кои досега се предале.
И сепаратистите и руското Министерство за одбрана соопштија дека се предале 959 бранители на „Азовстал“. Некои беа пренесени во болниците, но повеќето беа однесени со автобус во поранешна казнена колонија во сепаратистичкиот регион.
ВО МОМЕНТОВ ГИ НЕМА НАЈВИСОКИТЕ КОМАНДАНТИ, ТИЕ НЕ САЕ ЗАМИНАТИ. НО, ОВА Е СИТУАЦИЈАТА ВО МОМЕНТОВ, РЕЧЕ ПУШИЛИН ЗА МЕДИУМИТЕ ОД ДОЊЕЦК.