Околу 340 деца заминаа на бесплатно зимување на Пелистер

Околу 340 деца од социјално ранливите категории денеска од автобуската станица во Скопје заминаа на бесплатно зимување на Пелистер.

Децата ги испрати министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов кој им посака убав помин.

Ова е веќе трета година по ред како Владата им обезбедува бесплатен одмор на дечињата од ранливите категории во рамките на проектот „ Бесплатен одмор и рекреација за деца од социјално загрозени категории“.

Децата ќе можат да присуствуваат на бесплатен одмор и рекрeација, своето време да го поминат во дружење, забава и културно- едукативни активности и секако да имаат едни незаборавни моменти и срeќни мигови во рамките на овој  бесплaтен одмор кој трае 6 дена, изјави министерот Спасов.

Министерот истакна Влада и понатаму ќе продолжи со реализирање на овој проект овозможувајќи им на децата кои што доаѓаат од социјално загрозени семејстава бесплатен одмор и на тој начин да им се даде можност и тие да посетат одредени летни или пак зимски одмаралишта.

За време на овој зимски распуст оваа услуга ќе ја искористат околу 1.000 дечиња, а досега 660 ја искористиле. Ова е последната група што заминува и опфаќа деца од цела Македонија. Во изминативе три години во овој проект се опфатени над 6.000 дечиња.