Годинешното издание на Октобарфест, најголемиот светски фестивал на пивото и најголемото народно славење на светот, е откажан поради пандемијата на коронавирусот, објавија во вторникот баварскиот премиер Маркус Зедер и градоначалникот на Минхен, Дитер Рејтер.
„Ова навистина ни паѓа тешко, и неверојатно е штетна“, изјави Зедер од Христијанско-социјалната унија (CDU). Појасни дека народните прослави како Октобарфест „живеат од близината на посетителите“ и масовната посетеност, како и дека во таква ситуација не може да се исклучи повторното остро ширење на коронавирусот. „Ширењето на вирусот на ваков настан би било неизбежно и тоа не можеме да го дозволиме“, додаде премиерот на Баварија.
Минхенскиот градоначалникот, Дитер Рејтер од Социлајдемократската партија на (SPD), исто така, изрази жалење но и загриженост поради економската штета со откажување на најголемиот собир кој секоја година го посетуваат шест милиони посетители.
„Ова е емоционално тежок момент за мене и економски тежок во момент за градот“, изјави Рејтер на заедничката прес-конференција.
Според податоците на градските власти во текот на Октобарфестот, кој оваа година требаше да се одржи од 19-ти сепрември до 4-ти октомври, кога во градската каса се слеваат над 1,2 милијарди евра.
Октобарфест се одржува од 1810 година и неколку пати бил откажан, во XIX век порди епидемијата на колерата и во XX век поради војните и хиперинфлацијата.
Мерат во борбата против ширењето на заразата на коронавирусот, кои германската влада и сојузните покраини ги договорија минатата седмица, меѓу другото вклучуваат и забрана за одржување на големите манифестации, кои засега формално важат до крајот на август. Баварија е една од двете германски сојузни покраини кои се најмногу погодини со епидемијата короанврирусот.