Во петокот во двочасовна полициска акција во гостиварското село Сенце, по претходна наредба од Основен суд Гостивар, во присуство на работник од Центарот за социјални работи-Гостивар извршен бил претрес во куќа во која живеел 16- годишен малолетник.
При претресот пронајдени биле и одземени: пушка “Црвена застава“(карабин) со монтиран дурбин, метален нож, две ловечки расклопени пушки и една расклопена малокалибарска пушка, батериска ламба, двоглед и моторна пила.
Пронајдените предмети се фотодокументирани и одземени за вештачење, а постојат основи на сомнение дека потекнуваат од извршени кражби.
Малолетникот и неговиот 66-годишен татко се притворени и задржани во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка. По целосното расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.