Македонија е витален партнер во унапредувањето на американската национална безбедност во целиот свет. Покрај тоа, македонската дијаспора во САД е витален дел од нашата заедница и придонесува во разновидност и унапредување на целата наша нација. Ние сме горди на обновата на Македонската група за 115-тиот конгрес, која има за цел да ги нагласи прашањата кои влијаат на македонско-американската заедница и едукација на нашите колеги за важната улога на Македонија и македонската дијаспора во проследувањето на американските интереси, се наведува во соопштението од конгресмените Трот, Бојл и Стајверз.
Конгресмените Дејв Трот, Брендан Бојл и Стив Стајверз ќе служат како копретседавачи на Конгресната група во која членуваат моментално 31 конгресмен.