Обединетата Mакедонска Дијаспора (ОМД) го објавува следното соопштение во врска со најавата за оставка на Зоран Заев од функцијата премиер на Македонија, по значајниот пораз на неговата политичка партија на последните локални избори во Македонија:
„ОМД остро се спротивстави на таканаречениот Договор за добрососедски односи со Бугарија, на Преспанскиот договор со Грција и на Законот за употреба на јазиците во Македонија. ОМД, исто така, јавно ги истакна штетните импликации што ќе ги има донесувањето на секоја од овие мерки врз македонската нација, држава и идентитет.
ОМД во три различни наврати го повика Заев да поднесе оставка: во март 2018 година, откако македонското Собрание го изгласа неуставниот и поделен Закон за јазиците; во јуни 2018 година по потпишувањето на неуставниот Преспански договор; и во септември 2018 година за време на дебаклот на принудниот референдум за промена на името, кој имаше само 36,7% излезност на гласачкото тело.
Заев повеќе пати ја игнорираше волјата на македонскиот народ за неговиот идентитет. Во неговиот последен говор, тој го употреби терминот “прогресивен” за да се опише себеси и оние кои ги поддржаа неговите деструктивни постапки. Сепак, нема ништо прогресивно во тргувањето со името, историјата и идентитетот на една земја, ниту пак негирање на човековите права на македонскиот народ.
Од неуставната промена на името, македонскиот идентитет секојдневно се оспорува на секое ниво. Употребата на “северномакедонски” е неконтролирана во светските медиуми и владите ширум светот. Македонците немаа ни трошка корист од ниту една непромислена политичка одлука на Заев. Всушност, Заев и неговите следбеници никогаш не успеаја да постигнат одржливи економска и политичка стабилност.
ОМД постојано се спротивставуваше на промената на името. Таа ја предводеше кампањата “Ние сме Македонија,” која собра 150.000 луѓе на повеќе од 40 светски собири.
ОМД ќе го користи само вистинското уставно име на македонските народ и нација во однос на нашата татковина. Таа е, и секогаш ќе биде Македонија.
ОМД упатува искрени честитки до 81. новоизбран градоначалник во државата, а особено до независната кандидатка Данела Арсовска, која е првата жена избрана за градоначалник на главниот град Скопје, а моментално и една од двете избрани жени градоначалнички во државата.
ОМД долго време е поборник за родова рамноправност, и е благодарна што многу извонредни жени моментално служат во неговиот Одбор на директори, допринесувајќи со нивните уникатни и вредни сознанија кон приоритетите и развојот на ОМД.
Искуството на ОМД, црпено од работата со Македонки со различно искуство и од различни сектори, ја нагласува потребата повеќе жени да бидат вклучени во јавниот живот на Македонија и нејзината иднина.
Обединета Mакедонска Дијаспора (ОМД)