Приштинскиот Институт за јавно здравје потврди во неделата навечер дека на Косово е регистрирана новата омикрон варијанта на коронавирусот, наведувајќи дека досега има вкупно девет такви сучаи.
Во лабораторијата за молекуларна микробиологија при Институтопт за јавно здравје во неделата биле тестирани 22 позитивни примероци собрани во периодот од 15-ти до 25-ти декември, од кои за девет е потврдено дека станува збор за омикрон сојот, се наведува во соопштението од оваа институција.
Во два случаи омикрон е регистриран кај лица кои допатувале од САД, во два кај лица кои допатувале од Лондон, а во еден случај станува збор за патник од Франција.
Истоврменено, четири случаи на зараза со омикрон варијантата се потврдени кај жители на јужниот дел на Косовска Митровица мнозински населен со Албанци, но тие негирале патувања надвор од Косово и контакти со лица кои не се од Косово.
Потсетувајќи на предупредувањето од Светската здравствена организација (СЗО – WHO) дека омикрон сојот се шири побрзо од претходната делта варијанта и на искуствата на другите земји, Институтот констатира дека се „очекува влошување на епидемиолошката ситуација на Косово“.
Заедно со министерството за здравство, Институтот апелира до населението стриктно да се придржува до епидемиолошките мерки и задолжително да се вакцинира за да се придонесе кон сузбивање на ширењето на коронаинфекциите.
Вакцинирањето е можно „во кој и да е момент и без претходно закажувањ, независно од местото на престој и државјанството“, потсетува косовскиот Институт за јавно здравје.