ОН испраќа експерти во Ријад поради нападите, Трамп вели дека САД не разгледуваат војна со Иран

Стручњаци на Обединетите нации заминуваат во Саудиска Арабија каде што ќе спроведат меѓународна истрага за нападите врз тамошните нафтени постројки од саботата, соопштија во саботата дипломатски извори.

„Добро е што ќе биде спроведена меѓународна истрга за оваа афера“, истакнал за AFP еден од неименуваните извори. Експертите се на пат или веќе пристигнале, додал друг соговорник.

Мандатот на овие стручњаци се темели на разолуцијата со коај е потврден никлеарниот договор од 2015 година меѓу Иран и шесте светски сили од кој во мај 2018 година истапија САД, како и на резолуцијата врз чијашто основа е ембаргото за оружје наметнато за Јемен, појаснуваат дипломатите.

Првата резолуција, усвовена во 2015-та, предвидува можност да бидат испратени експерти на политичкиот оддел на ОН кога во некоја земја ќе биде пронајдено оружје произведено во Иран. Резолуцијата за Јемен, усвоена исто така во 2015-та, го спедеше основањето на комисјата од експерти задолжени за примената на ембаргото на оружје. Оваа комисија редовно предава свои извештаи. Нејзините експерти се повикани, бидејќи побунетите Хути ја преземаа одговорноста за саботните напади, прецизирал еден од дипломатските извори.

Во врска со најновиот инцидент кој доведе до нова ескалација на тензичните односи меѓу Вашингтон и Техеран, американскиот претседател Доналд Трамп во средата рече дека Соединетите држави „заземаа многу силна позиција“ во однос на Иран, но не се дискутира за воени дејствија.

„Има многу варијанти, ќе ги разгледаме. Сега имаме многу цврста позиција. Не разговарава за ваква (воена) опција“, рекол Трамп и додал дека САД ќе воведат „многу значителни“ санкции против Иран во следните два дена.

„Ние ќе додадеме многу значителни санкции против Иран. Ќе го објавиме тоа во текот на следните 48 часа“, прецизирал американскиот челник.

Трамп, исто така, изјавил дека присуството на иранскиот претседател Хасан Роухани и шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавид Зариф на Генералното собрание на ОН во Њујорк, зависи од самоте нив, и оти тој нема намера да прави опструкција за нивното присуство.

„Не знам. Сѐ зависи од него (Роухани). Тоа не зависи од мене, туку од него. Доколку зависеше од мене, јас би им дозволил да дојдат. Отсекогаш сметам дека ОН играат многу важна улога и мислам дека организацијата има огромен потенцијал. Дефинитивно не би сакал на луѓето да не им се дозволува, доколку тие сакаат да дојдат. Значи, сето тоа зависи од нив“, рекол Трамп одговарајќи на новинарско прашање.