Џон Кери во ОАЕ на потпишување регионален договор за чиста вода и енергија

Специјалниот претставник на американскиот претседател за климата, Џон Кери ќе отпатува за Обединетите Арапски Емирати, каде ќе присуствува на церемонија за потпишување Проект Просперитет, регионална соработка во областа на чистата вода и енергијата, соопшти Стејт департментот.

Во соопштението се наведува дека договорот ќе ги продлабочи партнерствата на земјите како Јордан, Израел и ОАЕ да ги достигнат целите од Парискиот договор за климата и да ги намалат јаглеродните гасови во регионот, како и да се обезбедат нови извори на свежа вода во регионот.